Македонскиот ракометар продолжи со одличните настапи во Чешкиот шампионат. Тој синоќа постигна 4 гола од 4 обиди само за едно полувреме во новата победа на неговиот тим Талент Плзен со 33:25 (полувреме 15:14).
Во вториот дел тренерот Штохл го чуваше Костески за наредното тешко гостување против поранешниот Европски првак Дукла Прага.
Со овие 4 голови, Костески стигна до вкупно 32 голови после четири кола во првенството на Чешка со кои останува водечки стрелец.