Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан на домашен терен славеа против Зенит со 78-63 и поведоа со 3-2 во полуфиналната серија во ВТБ лигата.
Неверојатниот Ненад Димитријевиќ беше МВП на мечот и натпреварот го заврши со фантастични 32 поени, надополнети со 6 скока и 6 асистенции. Уникс Казан го дели една победа од пласман во финалето.