Сениорската машка репрезентација ја оствари третата победа во квалификациите за пласман на Men’s EHF EURO 2024 откако на гостувањето против Луксембург славеше со 23:28. Со оваа победа Македонија го потврди учеството ЕУРО 2024.
Следен натпревар на сениорската репрезентација е против Турција вo недела (30.04.2023) во 18:00 часот.
Кај Македонија најефикасен беше Филип Талески со 8 погодоци, додека на голот Марко Кизиќ имаше 10 одбрани.