Поради финансиски проблеми, поранешниот грчки прволигаш, Ерготелис, се откажа од учеството во Супер лига 2 Југ.
Клубот од Крит играше во елитата до 2014/15, а оттогаш наваму, беше член на втората лига.
По откажувањето од второлигашкото друштво, под знак прашалник беше и учеството на Ерготелис во Гама Етники (трета лига).
Сепак, со новата одлука, клубот ќе се натпреварува во локалните дивизии на градот Хераклион.
Слична судбина му се заканува и на Ксанти, кој од членството во Супер лига 2 Север, би можел да се спушти во локалните натпреварувања на Тракија.
Имено, Ерготелис, заедно со ОФИ Крит, е најпознатиот претставник на градот Хераклион, а воедно и на островот Крит.
Клубот е основан на 7 август 1929 и игра на стадионот ,,Панкритио”, кој има капацитет од 26 240 гледачи.
Освен локалните титули, Ерготелис е двократен првак на третата и на четвртата лига и притоа има една второлигашка титула од 2005/06.