Македонија игра квалификации за Европско првенство и сме домаќини во СЦ ,,Борис Трајковски” во Скопје. Нашите херои имаат двојна победа на Бих и еден пораз од Турција со 3:1.
Денеска од 18.00 часот во ,,Борис Трајковски” ќе се решава судбината на Македонија и за ново појавување на континенталните собири. Ако во случај победиме или освоиме два сета се ќе биде на наша страна, а големи се шансите и со само еден освоен сет македонските одбојкари да ја остварат целта.
На Европско првенство се пласираат првопласираните и најдобрите пет второпласирани, што значи на Македонија и е многу важен секој поен и секој освоен сет против Турција. Одбојкарите во еден глас се сложни и напоменуваат: ,,Напад на Турција и Европско првенство и ништо друго”.



