Девојкатa која важи за една од најубавите спортистки во Србија, oдбојкарката на Црвена Звезда, Тијана Милојевиќ и ќерка на легендарниот голман на црвено-белите, Звонко Милојевиќ, вели дека ги има највисоките цели во кариерата. Една од нив е да стане шампион на планетата, како што тоа го направи нејзиниот татко во 1991 година.
Вашиот татко Звонко исто така на 19.години беше светски шампион со Црвена звезда и важи за легенда на клубот. Колку ви значи неговата поддршка во кариерата и какво е чувството да ја продолжите семејната традиција на освојување трофеи?
Неговиот успех е неверојатен. Секој би сакал да стане светски првак на 19 години, што му успеа. За тоа сонуваат другите спортисти цел живот. Ја сакам неговата поддршка и тој е секогаш добредојден. Сакам да истакнам дека во текот на мојот живот, кариера и времето поминато во Америка, каде што се школував, мајка ми, тетка ми и сестра ми беа постојано со мене. Тие три жени се најголемата поддршка во мојот живот и тие се во голема мера одговорни за се што сум освоил. – стои во интервјуто кое Тијана го даде за informer.rs