Најдобрата македонска судиска ракометна двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе бидат задолжени за судењето на дел од натпреварите на ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Денес тие ќе го судат балканското ракометно дерби помеѓу Загреб шампионот на Хрватска и Целје ракометниот првак на Словенија.