Џејмс Харден истакна дека сака да замине во тим кој веднаш ќе се бори за шампионскиот прстен, се споменуваа Филаделфија и Бруклин, но сега се појавуваат нови имиња кои ја запалија фантазијата на навивачите.
Харден го прошири списокот на тимови во кои би сакал да биде трејдуван, а еден од нив е и Милвоки. Многумина веднаш помислија дека Милвоки ќе создаде МВП-тандем. Претходните две сезони, Јанис Адетокумбо беше прогласен за најкорисен играч во НБА-лигата, додека пред него, тоа признание отиде во рацете на Џејмс Харден.
Самиот Адетокумбо побара од Милвоки да реагира и со засилувања го убеди да остане, а доаѓањето на Харден сигурно ќе ги задоволи неговите големи амбиции. Единствено прашање е дали тие двајца би можеле да функционираат, бидејќи досега се навикнаа само да бидат главни ѕвезди во тимовите.



