Дарко Димитриевски повторно на дело во шпанската Асобал лига покажа дека знае да ги решета противничките мрежи и во заостанатиот натпревар од првенството против Анаитасуна одиграа реми со резултат од 28:28 со својот тим Синфин.
Димитриевски и Синфин на гостувањето по првиот дел имаа заостанување од 16:11, но во вториот дел со серија на погодоци ја стигнаа предноста на ривалот и на крај заврши само реми и поделба на бодовите. Репрезентативниот бек, Дарко Димитриевски се покажа во одлично светло и постигна 7 гола за Синфин.