Денеска шампионот ЖФК Каменица Саса ги обезбеди услугите на своите две талентирани и квалитетни млади фудбалерки, Анастасија Маринковска која игра во средниот ред и Антониела Стоименовска која ги покира двете бековски позиции.
Двете фудбалерки потпишаа за прв пат професионален договор и тој е со времетраење од 2.5 години или со важност до 30.06.2023 година. Маринковска и Стоименовска имаат по 18-години и се идна голема перспектива на клубот како и на македонскиот фудбал.