Од денеска, па во наредните седум дена, во Бања Лука ќе се одржуваат натпреварите од вториот турнир од АБА 2 лигата. Работнички нема да биде дел од трите натпреварувачки рунди затоа што поради појава на корона вирус во нивните редови, „црвено-белите“ го откажаа настапот во главниот град на Република Српска, па вниманието ќе биде свртено целосно кон настапите на МЗТ Скопје Аеродром.
Првиот меч за МЗТ е предвиден на 19. јануари (вторник) од 21. часот против тимот на КК Хелиос од Домжале. Освен овој меч, за време на престојот во Бања Лука, „аеродромци“ ќе одиграат уште два натпревари.
На 22. јануари (четврток) против екипата на Слобода Ужице (од 13.часот), додека два дена подоцна, на 24. јануари, следува и дерби-дуелот со екипата на Студентски Град (од 21.часот). По првиот турнир кој беше одржан на Златибор, екипата на МЗТ Скопје Аеродром со скор од три победи и еден пораз, се наоѓа на второто место на табелата.
Фото: https://kfsm.mk/