Во заостанат натпревар од Првата женска кошаркарска лига – Запад, шампионот ЖКК Бадел 1862 оствари сосема лесна и рутинска победа над ЖКК Гостивар на домашен терен со резултат од 110:40 или по четвртини (35:8, 23:15, 34:4 и 18:13).
Во победата на Баделки учествуваа сите кошаркарки а најефикасна беше Цветанка Димова со 36 поени, а во чекор ја следеа: Сара Максимовска 16 поени, Марија Димитријевиќ 15, Марија Николов 14, Сања Адамовска 12, Мартина Марковска 8, Сандра Лазареска 5 и Стефани Цветановска 4 поени. Од екипата од Гостивар, најмногу се истакнаа Божиновска 11, Петреска 10 и Стојаноска со 9 постигнати поени.