Петар Маркоски веќе светски познатиот музичар од Охрид кој прави прекрасни музички преработки со неговата виолина, кои имаат и по десетици милиони прегледи доби награда во Либан. Петар Маркоски доби Златна статуетка на манифестацијата Murex D’or во Либан за “Recognition Award for an International Musician”.

Murex D’or е годишна церемонија на доделување на музички награди која започна во 2000 година, со историја на 22 изданија меѓу либански, арапски и меѓународни познати личности. Murex D’Or е либанска награда создадена од либанските лекари, д-р Захи Хелу и д-р Фади Хелу.
Првото издание од 2000 година беше фокусирано на либанските уметници, но од второто издание па наваму настанот стана повеќе пан-арапски, регионален и светски натпревар. Трофејот Златен Мурекс се доделува да им оддаде почит на многу личности за да ги препознае нивните достигнувања и да ги признае најдобрите изведби досега.