На денешната програма од Светскиот куп во сноуборд беа третите овосезонски трки во сноуборд крос во машка и во женска конкуренција, одржани во австрискиот Рајтералм.
Кај дамите, по вторпат сезонава триумфираше Италијанката Микела Моиоли, која воедно е и новата вицешампионка од СП 2021.
Освен неа, на подиумот завршија ветеранката Линдзи Џакобелис и Французинката Клое Трепош, а Рафаела Бруто беше четвртопласирана.
Во малото финале, поредокот гласеше: Ева Самкова, Манон Пети-Ленуар, Одри Мекманиман и Шарлот Бенкс.
Во машка категорија, до вториот триумф во низа дојде Австриецот Алесандро Хемерле, пред Лукас Егибар, Мик Дирдорф и Елиот Грондан.
Во битката за петтото место славеше Омар Визинтин, кој беше побрз од Кале Коблет и од Џејк Ведер.
Во малото финале требаше да учествува и Јакоб Дусек, но поради сериозен пад во полуфиналето, Австриецот не се појави на патеката.
📸 neveitalia.it



