понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Младост 96 со максимален учинок неприкосновен на првото место

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
октомври 18, 2020
📁 Спорт

По одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел на првенството во пинг понг во најсилната лига екипата на Младост 96 од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари неприкосновено го освои првото место.

На второто место се наоѓа уште една прилепска екипа, Младост кои единствениот пораз во есенската полусезона го забележаа против градскиот ривал Младост 96. Во последните две кола Младост забележа минимални победи од 4:3, против директниот конкурент за второто место, штипските Шампион ФА и екипата на НЕЦ 2.

 Од четвртото до седмото место потполно изедначени според бодовната состојба се наоѓаат четири екипи, новиот супер лигаш Крива Паланка 2007 е на четвртото место, петтопласиран е Вардар кој после почетните четири порази на почетокот на сезоната, во следните пет кола забележа четири победи, шеста е екипата на НЕЦ 2 за кои игра играчот од Србија Милош Миленковиќ, кој во есенскиот дел од сезоната нема пораз, и на седмото место се пласираа Работнички кои со  поразеите во последните две кола од четвртото место паднаа на седмото место на табелата. Радовиш е осмопласиран со бод повеќе од екипата на НЕЦ. Последна е екипата на Струга кои во есенскиот дел не забележаа ни една победа.

Важно е да се спомене дека на сите натпревари од петте турнири кои се одиграа во СЦ Борис Трајковски, А1 арена максимално се почитуваа препораките за борба против корона вирусот.

Резултати

СУПЕР ЛИГА VIII КОЛО

Работнички – Вардар 3:4

Нец – Струга 4:0

Шампион ФА – Младост 3:4

Нец 2 – Радовиш 4:2

Младост 96 – Крива Паланка 2007 4:2

СУПЕР ЛИГА IХ КОЛО

Крива Паланка 2007 – Работнички 4:2

Радовиш – Младост 96 0:4

Младост – Нец 2 4:3

Струга – Шампион ФА 1:4

Вардар – Нец 4:1

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Натпреварите од Супер лигата продолжуваат напролет. Следно на пинг понгарската сцена во есенскиот дел од сезоната се натпреварите од јуниорската лига и рангирните мастерс турнири во сите категории.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Атланта Фалконс и Њујорк Џајантс ги запишаа првите победи во сезоната

Следна вест

(ВИДЕО) Прв триумф за Џејсон Кокрак на ПГА Тур

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

(ВИДЕО) Прв триумф за Џејсон Кокрак на ПГА Тур

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.