Ракометарите на Прилеп стигнаа до втората победа овој пат против против составот на Младост 1977 од Богданци со 41:32 (полувреме 14-11). Младите ракометари на Прилеп Даниел Андоновски со 8 и Давор Шокоски со 7 беа најефикасни кај победникот во кој имаше многу расположени ракометари за игра и за голови. Вообичаено најефикасен во тимот на Младост беше Митко Стоилов со 12 голови.



