За време на триатлон натпреварувањето во Сантандер, третопласираниот Британец Џејмс Тигл ја промаши целта на 20 метри пред самиот финиш, но тука беше Диего Ментрига, шпански триатлонец со одличниот фер-плеј потег. Имено Ментрига не сакаше да ја земе бронзата на тој начин, па чекаше Тигл да сфати што сторил и го пушти да помине низ целта пред него.
“Видов дека не е во ред да се свртам и застанав, тоа беше потсвесна реакција. Џејмс го заслужи овој медал. Тој не ги забележа знаците или беа поставени погрешно. Не сакав така да ја земам бронзата. Не сум сигурен, но мислам дека повторно би го сторил истото”. – рече Ментрига.