
Младиот канадски тенисер, кој е деветти на светската ранг-листа, Феликс Ожер-Алијасим, се пласираше во осминафиналето на тековниот Австралијан Опен.
Во третата рунда, Канаѓанецот го порази Даниел Еванс за неполни два часа игра со вкупни 3-0.
На 21-годишниот тенисер му беа доволни шест брејкови за да ги освои сетовите со 6-4, со 6-1 и со 6-1.
Победникот имаше дури 17 асови и неверојатни 40 винери за осигурување на третиот триумф во низа.
Во осминафиналето, Ожер-Алијасим ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Андреј Рубљов и Марин Чилиќ.




