Фулам суверено чекори кон враќање назад во Премиер лигата, откако има осум поени предност и натпревар помалку во однос на второпласираниот Блекбурн.
Во рамките на триесет и првото коло, во дербито на Лондон, Фулам славеше над Милвол со 3-0 после убедливо издание.
Избраниците на Марко Силва останаа на врвот на табелата, додека Милвол го зазема петнаесеттото место.
Два од трите погодоци на победничкиот состав беа дело на Александар Митровиќ (29′, 50′), а конечниот резултат го постави Боби Рид (87′).
Митровиќ моментално има триесет голови во сезоната, се наоѓа убедливо на првото место на листата на стрелците и му фалат само уште два погодоци за да го сруши рекордот на Чемпионшип, поставен од Ајван Тони (Брентфорд, 31 гол) минатата сезона.