Вечерва во натпревар од Лигата на шампионите Порто на нашиот Никола Митревски загуби на гостувањето во Загреб со 29:23.
Македонскиот репрезентативец Митревски во игра влезе околу 20-та минута откако неговиот колега немаше ниедна одбрана. После влегувањето во игра Митревски забележа 8 одбрани (32% успешност). Посебно за издвојување се 3 седмерци кои им ги одбрани на поранешните вардарци Чупиќ и Дибиров.
Тимур Дибиров сепак и покрај промашениот седмерец одигра одлично и беше најефикасен во составот на Загреб со 10 голови.




