Сениорската ракометна репрезентација на Македонија со победа против Естонија 37-33 во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, ги почна квалификациите за Европското првенство 2026.
Не беше лесно против Естонија, одигравме необичен натпревар против екипа, која може да и направи проблем и на Словенија која е фаворит во групата. Клучни беа одбраните на Кизиќ, кога одбраната играше на повисоко ниво и тоа ни помогна да направиме исчекор кон победата. Мора да се подготвиме подобро и одиме на победа против Литванија. – изјави Марко Митев еден од најдобрите репрезентативци синоќа со 7 гола




