Македонската ракометна репрезентација вечерва го започнува својот настап на Светското првенство против силната селекција на Унгарија. Натпреварот ќе се одигра во „Вараждин Арена“, со почеток во 20:30 часот.
„Имавме долго време да се подготвиме и да го анализираме првиот ривал. Унгарија е фаворит во нашата група, а тоа го покажуваат и резултатите. Иако сме аутсајдери во овој натпревар, сепак наша цел е да се надигруваме со ривалот и трпеливо да ја чекаме нашата шанса. Сите во тимот сакаат да го дадат максимумот. Ќе го оставиме срцето на теренот за Македонија“, изјави младиот Марко Митев.




