Во рамките на 18 коло од Прва ЖФЛ во Скопје истоимената екипа го нагости тимот на ЖФК Ас Јунајтед каде што натпреварот помина во фер и коректна атмосфера, а резултатот гласи 0:0.
Двете екипи повеќе внимаваа да не примат гол, отколку да се нападне противничкиот гол, играта се одвиваше на средината на теренот, а и малкуте создадени шанси не беа реализирани и сосема е реален нерешениот исход и поделбата на бодовите.



