Вецлар ја прекина лошата серија и им се врати на победите, откако денеска беше подобар од Есен со 36-29 во 16. коло од германската Бундеслига.
Екипата на Филип Миркуловски имаше почетно водство од 4-2, но домаќинот се врати во мечот и на полувреме замина со предност од 16-15, која во вториот дел порасна до 22-17. Меѓутоа, Вецлар почна да игра подобро и направи огромен пресврт, па на крајот славеше со убедливи 36-29.
Миркуловски постигна два гола од четири обиди, а Вецлар со денешниот триумф се искачи на седмата позиција на табелата.



