Шпанскиот прволигаш Џирона официјално го претстави македонскиот голгетер Бојан Миовски.

Миовски после фантастичната сезона во шкотската Премиер лига за тимот на Абердин, екипата на Џирона го ангажираше за околу осум милиони евра.
Џирона сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите во новата сезона, а Миовски потпиша договор до 2028 година.




