понеделник, мај 23, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Милевски: Португалија е фаворит, но Македонија не е случајно тука

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 28, 2022
📁 Фудбал

Фудбалската репрезентација на Македонија вечер на стадионот „Драгао“ во Порто од 20:45 часот против домаќинот Португалија ќе се бори за нова голема победа и пласман на Светското првенство во Катар.

„Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи, не би издвоил никој посебно, ќе треба да зборувам многу. Ние не сме дојдени тука како туристи, дојдовме да уживаме во натпреварот и да победиме. Никој не очекуваше да играме финале за пласман на СП, ние сме тука, нема бегање од тоа, Македонија ужива во тоа, од мене играчите имаат една порака, да уживаат во моментот и натпреварот со Португалија. Сите се спремни, за стартни единаесет немаме проблем, се знаат кои се. Не очекува различен меч од оној со Италија, не знам колку треба да бидеме подобри од мечот со Италија, Португалија е составена од извонредни играчи кои се меѓу најдобрите во европскиот фудбал. Ние си имаме свои квалитети, како тим, како целина, ќе видиме што ќе донесе победа, тимска игра, или тимска поставеност. Секој спорт кај нас има успех, но кога разговараме за фудбал, тоа е друга димензија, на глобално ниво, фудбалот е фудбал, патот до овде е навистина тежок, се среќавате со сериозни репрезентации и традиции, Македонија е рамо до рамо со најдобрите, ова е само показател како понатака. Статистиката е таква каква што е, но секој натпревар посебен, да, важно е кој ќе постигне прв гол, но тоа не значи дека ќе заврши со тоа. Што се однесува до Роналдо, се работи за најдобриот играч на светот, но тој не игра сам, играат уште други десет, тие имаат извонредни играчи, и ќе треба да се сконцентрираме на Португалија како тим, а не на поединци. Португалија е фаворит, но Македонија не е случајно тука, што ќе донесе натпреварот ќе видиме“ – изјави селекторот Благоја Милевски.

ShareTweet
Претходна вест

Ристовски: Ќе играме за да победиме

Следна вест

ВО ЖИВО: Португалија – Македонија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Бромли се закити со првата круна од ФА Трофи во својата 130-годишна историја
Спорт

Бромли се закити со првата круна од ФА Трофи во својата 130-годишна историја

✏️ Епов Насе
22/Мај/2022
(ВИДЕО) Нереални сцени од Англија: Доркинг постави апсолутен рекорд
Спорт

(ВИДЕО) Нереални сцени од Англија: Доркинг постави апсолутен рекорд

✏️ Епов Насе
22/Мај/2022
Прв трофеј за Панатинаикос во последните осум години
Спорт

Прв трофеј за Панатинаикос во последните осум години

✏️ Епов Насе
21/Мај/2022
Сандерленд се враќа во Чемпионшип после четиригодишно отсуство
Спорт

Сандерленд се враќа во Чемпионшип после четиригодишно отсуство

✏️ Епов Насе
21/Мај/2022
Следна вест
ВО ЖИВО: Португалија – Македонија

ВО ЖИВО: Португалија - Македонија

Последно

Две престижни титули за Закса во период од една недела

(ВИДЕО) Петта европска круна за Вакифбанк: Бранителот на титулата ,,падна” во финалето

Делиоска блескаше со 13 голови, сепак Чаир славеше победа

Бромли се закити со првата круна од ФА Трофи во својата 130-годишна историја

Костески и Митков одлични во ремито на Холабрун

Огромна несреќа за Леклер: Ферстапен најбрз во Шпанија

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.