Најдобрата македонска А репрезентација во Разград вечерва од 18.00 часот ќе го игра својот прв натпревар во Лигата „Ц“ од УЕФА Лигата на нации против селекцијата на Бугарија.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена, а единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат. Баражите одамна се зад нас, секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери. Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот.Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме“.