Благоја Милевски селекторот на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија изјави:
„За мене оваа функција е пред сè гордост и исполнетост. И од спортски и од национален, но и од човечки аспект. Се радувам на првата средба со фудбалерите, се радувам на позитивната атмосфера и со нетрпение го очекуваме првиот собир. Тие се созреани како личности, а тоа е позитивно за нашата работа. Карактерно се селектирани, а токму тоа и треба на македонската репрезентација“.