Металург и пикерот Бранко Канкараш спогодбено го раскинаа договорот, со што му се дава можност на Канкараш да замине во клуб кој би бил заинтересиран за него, надвор од Македонија.
Овој прекин на соработката доаѓа како резултат на лимитираниот број на странци во македонското првенство, поради што Канкараш средбите ги мина на трибините. Во наредниот период РК Металург ќе ангажира нов бек и можност за ангажман на трет голман.
Фото: РК Металург