вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Масар Омерагиќ е нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 22, 2024
📁 Фудбал

Масар Омерагиќ е нов претседател  на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

На денешното Вонредно изборно генерално Собрание, Масар Омерагиќ со акламација е избран за прв човек на македонскиот фудбал. 

Масар Омерагиќ – претседател на Фудбалска федерација на Македонија: 

„ Трпение, упорност и многу жртвувања! И јас сум еден од вас, човек од фудбалот. Знам како треба и знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија.

Фудбалот е тимска работа и поединец не може сам. Како и на теренот, треба многу трчање, многу работа, многу пот за да се стигне до победата. Таков е фудбалот во кој се паметат само победите и успесите, а таква е и претседателската работа во федерацијата.

Заедно ќе се радуваме на успесите, заедно ќе тагуваме во поразите. Ова е спорт во кој нема денес за утре, ова е спорт кој бара напорна работа и многу добар тим за да се постигне целта. 

Знам како, верувам во она што ќе го споделам во неколку точки:

– Враќање на легендите во структурите на ФФМ, на фудбалски работници и имиња кои допринеле нашата земја, Република Македонија, да биде позната на фудбалски план, а имаат желба да помогнат. Чест ми е што мојот тим и мојата програма ја препознаа многу наши истакнати фудбалски имиња. 

– Фудбал за секое дете. Мојот сон во минатото, но и сонот на секое дете кога ќе порасне е да биде фудбалер, добар фудбалер. Сите ние сме биле во тој сон, а ние тука и ние од утре заедно треба да му дадеме шанса на секое дете да го живее својот фудбалски сон. Затоа максимална и темелна програма и систем за унапредување на младинскиот фудбал, младинските селекции, женскиот фудбал, судиската и тренерската организација.

– Регуларно првенство, враќање на публиката на теренот и силни клубови. Под итно воведување на ВАР технологија на стадионите. А, потоа и инфраструктура со трибини, рефлектори и терени. 

Тоа ќе биде еден од приоритетите. Ќе создадеме средина каде што секој играч од грасрут до професионално ниво ќе има пристап до квалитетни терени. Оваа цел заеднички ќе ја оствариме со поддршка на УЕФА И ФИФА, со помош од државните институции и локалната самоуправа. 

– Спонзор на Лигата, спонзор за судиската организација. Сигурност за фудбалерите и грижа за лиценцниот систем во клубовите. Максимална соработка со сите клубови во интерес на фудбалот. 

Обединување околу националните селекции и максимална поддршка во подготовките на сите репрезентации. Фудбалот е спорт кој ги обединува сите разноликости, а Македонија е пример. 

– Чесност, чист образ и транспарентност. Тоа можам да ви го ветам сега и веднаш. Вратите на ФФМ се ширум отворено за сите кои имаат визија, програма и идеи за развој на фудбалот. Но, ќе биде и затворена за сите оние кои работат спротивно на интересите на фудбалското семејство во Република Македонија и се влезени во фудбалот од интерес и го злоупотребуваат овој спорт за лични интереси и на штета на сите нас. Таквите ќе имаат голем непријател во мене.

Рак рана години наназад беше корупцијата и врските како начин за успех каде што многу млади вистински таленти се демотивираа и откажуваа од фудбалот. Во многу од државите фудбалските работници го променија тоа, на ред сме ние.

Нулта толеранција за корупција во фудбалот и вистинска шанса за секој квалитетен талент кој мотивирано ќе работи да се докаже и успее, а успехот на секое дете помогнат од нас, ќе биде успех на целата јавност и држава.

Немам волшебно стапче, но имам и визија и трпение и добар тим околу себе. 

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Веќе од утре почнуваме со напорна и тешка работа. Заедно ќе успееме“. 

ShareTweet
Претходна вест

Жарко Пешевски останува во шампионот Еурофарм Пелистер

Следна вест

Горан Пандев спортски директор на националните селекции. Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест
Горан Пандев спортски директор на националните селекции. Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ

Горан Пандев спортски директор на националните селекции. Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.