Марко Кизиќ:
Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе.
Запознат сум со овој клу од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб,. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува.