ЖРК Ѓорче Петров тимот кој треба да биде хит во женскиот ракомет во новата сезона, покрај ангажманот на нови ракометарки ги задржува и постојните. Договорено е да продолжи соработката со левиот бек Вероника Домазетоска.
Покрај левиот бек, Вероника Домазетоска, договорот е продолжен и со Анастасија Трпеска која има само 15 години, а игра на позицијата пикер.