Марк Маркез ја продолжи својата доминација на германскиот Захсенринг, каде што денес победи по единаесетти пат во кариерата.
Шпанецот, поради повреда, се врати на својот мотоцикл дури оваа година и денес го забележа првиот триумф после 17 ноември 2019 во Валенсија.
На втората позиција се пласираше победникот од Барселона, Мигел Оливеира, а водечкиот во генералниот пласман, Фабио Квартараро, дојде до третото место.
Освојувачот на пол-позицијата, Жоан Зарко, рапидно ги губеше позициите и накрај заврши како осмопласиран.
Помеѓу него и првите тројца, се најдоа Бред Биндер, Франческо Бањаја, Џек Милер и Алеиш Еспаргаро.