Манчестер Јунајтед сериозно се вклучува за услугите на Дони Ван де Бек играчот од средниот ред на Ајакс и холандски репрезентативец најавува угледниот холандски медиум ,,Де Телеграф”.
За Ван де Бек силно беше заинтересиран Реал Мадрид, но од таборот на кралевите сеуште калкулираат и Ајакс како и самиот фудбалер сакаат завршница и епилог за судбината на играчот.
Младиот талент сака што побрзо да дознае за својата иднина, а Манчестер Јунајтед влегува во преговори со холанѓаните и се чека одговор од нивна страна дали ќе ја прифатат сумата за обештетување.
Во прилог на англичаните е одличниот однос помеѓу спортскиот директор на Ајакс, Ван дер Сар и Ед Вудворд, воедно и фактот што Ван дер Сар е легендарен голман на ,,Црвените ѓаволи”. Ако играчот потпише за Манчестер тимот ќе има одличен фонд и избор на фудбалери од средината на теренот.



