Дејан Манасков е предводник на Веспрем и по рекордните 16 гола на минатиот натревар, овој пат при високата победа на Веспрем над Егер во домашното првенство изразено во резултат од 40:21, Манасков беше најефикасен на натпреварот со 9 гола. Зад него останаа Нилсон и Маргуч со 7, додека Тонесен зад своето име запиша 5 гола.



