Еурофарм Пелистер вечерва со почеток од 18:45 часот го пречекува ПСЖ во Лигата на шампионите.
„Помина доста време откако не сум на терените и едвај чекам да започне утрешниот меч против ПСЖ. Мотивиран сум, за тоа не треба да се разговара. Чест ми е што повторно ќе можам да настапувам во ЛШ по една година пауза. Мислам дека сме убаво подготвени, имаме еден добар моментум по онаа победа над Вардар. ПСЖ е во топ пет екипите во Европа, имаат еден изграден систем кој неколку години веќе функционира. И јас, но и останатите играчи знаеме каков стил на ракомет негува ПСЖ. Раул беше тука и во репрезентацијата и во Вардар“. – изјави новото засилување Дејан Манасков




