Македонската скијачка надеж и гордост, Филип Димовски, оствари историска победа на 49то издание на едно од најголемите и најстари европски натпреварувања во алпско скијање за деца до 16 години.
Во силна конкуренција на натпреварувачи од 26 земји, младиот скијач успеа прв да ја заврши слаломската трка, победувајќи ги Матеј Магдолен од Словачка и Апостолос Летсиос од Грција.
Воедно, Филип е првиот македонски скијач кој освоил шампионска титула на овој традиционален ски турнир во Шкофја Лока.




