Струга ТЛ со триумфот од 2:0 против Пелистер се искачи на првото место во Првата лига. Двата гола ги постигна Христијан Малески во самиот финиш.
Во Куманово, дуелот меѓу Башкими и Вардар заврши без голови (0:0), со што е заокружено 8. коло.
Струга ТЛ води со 22 бода, додека Вардар и Шкендија имаат по 20.




