Kадетска репрезентација на Македонија (М19) забележа победа на првиот пријателски натпревар против Италија со 29-21. Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Савревски со 5 погодоци, додека Манчески и Митев дадоа по 4 гола. Одличен беше голманот Ерманоски со 15 одбрани.