вторник, март 28, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Македонската Еспорт репрезентација комплетирана за СП во Израел

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 22, 2021
📁 Останато

Македонската Еспорт репрезентација, викендов, доби комплетен состав за учество на светското Еспорт Првенство во четири дисциплини CS:GO, Dota2, PES21 и Tekken7.

Шестата сезона од Прва Македонска Еспорт Лига се одржа во јуни и јули 2021 година. Државното првенство во еспорт, препознатливо под насловот „Скопје ОПЕН“, беше поддржано и помогнато од Град Скопје. Македонската Еспорт Федерација, во соработка со Еспортс.мк, го организираше националното еспорт првенство и квалификации за учество на Светското Првенство во еспорт, кое годинава ќе се одржи во Израел.

Се играше во четири дисциплини во кои се избраа и победниците:

  • DOTA2: Blade Esports
  • CS:GO: GOOD GAME
  • PES21: Давид Гаревски
  • Tekken7: Стефан Глигоров

Првото место во Dota2 заслужено го освои тимот BLADE Esports кој во финалето ги порази CRYSIS со 2:0 во мечеви. Во оваа дисциплина се натпреваруваа осум официјални македонски тимови. Игор “Stojkov” Стојков, во моментов е рангиран на 48-мо место по MMR во Европа и доминираше за време на двата меча.

Во CS:GO, тимот Good Game успеа да ја освои титулата победувајќи го охридскиот тим ЕNTITY со 2:1 во мечеви. Станува збор за два тима со вистинско еспорт „педигре“, со искуство на меѓународни натпревари и затоа беше повеќе од јасно дека нивната борба за пласман во Изарел ќе биде жестока.

Првото место во дигиталниот фудбал PES21 повторно го освои повеќекратниот победник Давид Гаревски, кој во финалето се соочи со Јакуп Максути. Беа одиграни два меча со резултат 5:4 и 5:2 во корист на Гаревски, обезбедувајќи си го пласманот во Израел.

Виртуелните боречки вештини втора година се дел од официјалните натпревари. Најподготвен беше Стефан “Rogue_Identity” Глигоров, кој го совлада Симеон “RFD_Spades” Двојаков.

Подготовките за Светското Еспорт Првенство во Израел се во тек и да навиваме за нашата Еспорт репрезентација.

Македонската Еспорт Федерација е формирана 2009-та година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација, на Европската Еспорт Федерација и на Светскиот конзорциум за Еспорт. Досега наши учесници биле дел од 11 светски првенства и веќе 6-та година организираме Национална Еспорт Лига.

ShareTweet
Претходна вест

Македонските кадети со победа против Италија

Следна вест

Балканско првенство: Maкедонските одбојкари подобри од Албанија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс
Останато

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

✏️ Епов Насе
28/Мар/2023
Џудистите од Струга одлични на државното за јуниори и деца
Останато

Џудистите од Струга одлични на државното за јуниори и деца

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Мар/2023
(ВИДЕО) Локомотив ја спаси и втората ,,меч-топка” на ЦСКА Москва
Останато

(ВИДЕО) Локомотив ја спаси и втората ,,меч-топка” на ЦСКА Москва

✏️ Епов Насе
27/Мар/2023
(ВИДЕО) Голем пресврт во финишот на ИФК вреден за полуфинале
Останато

(ВИДЕО) Голем пресврт во финишот на ИФК вреден за полуфинале

✏️ Епов Насе
27/Мар/2023
Следна вест
Балканско првенство: Maкедонските одбојкари подобри од Албанија

Балканско првенство: Maкедонските одбојкари подобри од Албанија

Последно

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

Џудистите од Струга одлични на државното за јуниори и деца

(ВИДЕО) Локомотив ја спаси и втората ,,меч-топка” на ЦСКА Москва

(ВИДЕО) Голем пресврт во финишот на ИФК вреден за полуфинале

Кифисијас го освои малото градско дерби против Илиуполи

(ВИДЕО) Фенербахче брзопотезно му ,,пресуди” на Кизејбору

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.