Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Маркоски кариерата ќе ја продолжи во Чешка. Маркоски потпиша договор со екипата на Карвина која се натпреварува во Првата лига. Претходната сезона Кире Маркоски настапуваше во првенството на Кипар во екипата на АЕЛ Лимасол.



