Македонскиот професионален боксер Горјан Гого Славески ја освои европската титула во УБФ верзијата, во супер средна категорија до 76 килограми, на турнирoт во Минхен, Германија. Славески го победи Србинот Славиша Миодраг со нокаут во петтата рунда во мечот кој беше предвиден да трае осум рунди. За 26-годишниот Македонец ова беше осма победа на десет досегашни борби во профи рингот.



