Македонскиот ракометен стратег Раде Стојановиќ по кратка пауза му се враќа на ракометот и повторно ќе работи во Словенија. Тој е назначен за нов шеф на стручниот штаб на амбициозниот прволигаш Ајдовшчина, со кој потпиша договор до летото 2027 година.
Клубот од Ајдовшчина со ангажманот на Стојановиќ јасно ги истакна своите високи амбиции – стабилизација и напредок во прволигашката конкуренција, со јасна цел во наредниот период да се избори за пласман меѓу словенечката елита.




