Приказната „Биби и Боби во светот на бајките“ е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица“, „Биби и зрното грашок“ и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)“. Претставата ги носи децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и силни пораки за пријателството и добрината.
Во претставата настапуваат Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Слаѓана Вујосевиќ и Никола Ристановски, а режијата е на Гоце Цветановски, Димитар Аризанов и Јосип Здравковски.
Претставата ќе се одигра во четврток, 25 декември, во големата сала при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 12:00 часот. Салата ќе биде затоплена, а цената н





