Локомотива Загреб и во третото коло во хрватскиот шампионат славеше убедлива победа и над Сплит, со 38:19 (полувреме 17:9). Сите три репрезентативки на Македонија кои настапуваат за тимот на Локомотива дадоа погодоци на овој натпревар.
Леонида Гичевска беше стрелец на 4, Андреа Седлоска даде 3 погодоци, додека Сања Дабевска им се придружи со 2 гола во високата победа.