Македонските интернационалки Моника Јанеска и Ивана Гакидова продолжија со победи со нивниот тим Коњалти во шампионатот на Турција откако славеа убедливо против Текирдаг со 41:22.
Моника Јанеска постигна 4 гола на овој натпревар, додека Ивана Гакидова одигра одлично во одбраната на својот тим.
Коњалти се наоѓа на третата позиција на табелата со 21 бод, додека лидер на табелата е силниот тим на Кастамону со 24 бода.