Сениорската репрезентација на Македонија стартуваше со победа над Естонија од 37:33 (полувреме 20:20) на стартот од квалификациите за Европското првенство 2026 година.
Најефикасни во составот на Македонија беа Серафимов со 10 гола, пред Кузмановски и Митев со по 7 погодоци. Одличен на голот на Македонија во второто полувреме беше Марко Кизиќ.




