Во еден од претпоследните пријателски натпревари како дел од подготовките за претстојното Светско првенство Македонија загуби во драматичен финиш од Хрватска.

Вечерва во одличната атмосфера во арената Вараждин пред околу 5 илјади гледачи, домашната Хрватска ја совлада репрезентацијата на Македонија со резултат 27:25, иако на полувреме водеа нашите 14:13.
Најефикасен на натпреварот беше хрватскиот репрезентативец Звонимир Срна со 6 гола, додека Пешевски и Костески постигнаа по 4 гола за Македонија. На голот на Македонија одлични беа Никола Митревски со 10 одбрани и Марко Кизиќ со 6 одбрани од кои дури три седмерци.




