Во еден од претпоследните пријателски натпревари како дел од подготовките за претстојното Светско првенство Македонија загуби во драматичен финиш од Хрватска.
Вечерва во одличната атмосфера во арената Вараждин пред околу 5 илјади гледачи, домашната Хрватска ја совлада репрезентацијата на Македонија со резултат 27:25, иако на полувреме водеа нашите 14:13.

Најефикасен на натпреварот беше хрватскиот репрезентативец Звонимир Срна со 6 гола, додека Пешевски и Костески постигнаа по 4 гола за Македонија. На голот на Македонија одлични беа Никола Митревски со 10 одбрани и Марко Кизиќ со 6 одбрани од кои дури три седмерци.
Хрватска - Македонија 27-25 (полувреме 13-14) Хрватска: Кузмановиќ (5 одбрани), Пешиќ (5 одбрани); Дувњак 3, Шоштариќ 3, Срна 6, Павловиќ 1, Мараш 1, Мамиќ, Мандиќ 1, Лучин, Мартиновиќ 5, Шушња, Шипиќ 4, Главаш 2, Јелиниќ 1, Начиновиќ Македонија: Митревски (10 одбрани) Галевски, Кизиќ (6 одбрани); Велковски 1, Георгиев, Митев 2, Карасманакис, Марковски, Кузмановски 3, Костески 4, Петковски, Пешевски 4, Јагуриновски, Лазаревски 1, Џонов 2, Стојковиќ, Петар Атанасијевиќ 2, Серафимов 3, Павле Атанасијевиќ 3




