Женската младинска репрезентација на Македонија стартуваше со победа на ЕХФ шампионатот во Скопје против селекција на Босна и Херцеговина со 39-28. Најдобар стрелец во нашата репрезентација беа Сара Миновска со 10 голови, пред Коларовска со 8, додека кај БИХ се истакна Ципетиќ со 8 погодоци.
Сара Миновска беше прогласена за најдобар играч од македонската репрезентација.
